По трагичното пукање во декември основно училиште во Њутаун, покрај за контрола на оружјето, во САД се отвори дебата и за насилството во американските кина. Во новиот филм на Тарантино има пукање во лице, разнесени со чекан, растргнати од кучиња, па премиерата во САД беше одложена заради училишната трагедија.
Сепак тој вели „Тоа е филм, фантазија, не е вистина“. Прашан зашто е толку сигурен дека нема поврзаност, Тарантино одбива да одговори „Не ти одговарам на прашањето, не сум твој роб, а ти мој газда… Не е твоја работа што јас мислам“. Тоа го објаснил по Reservoir Dogs од 1992 „Тоа сум го објаснил, а сега не сакам да ти го објаснувам тоа тебе, во твоето шоу, за твојот рејтинг..“
За американските медиуми околу ова прашање, веднаш по несреќата во Њутаун, Тарантино одговори дека би било непочитување на загинатите да се говори за филмот во тие моменти. Всушност, додаде, се работи за контрола на оружјето и менталното здравје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура