02 август 2013. Стефан Насевски, портпаролот на Тарчуловски, од Крушево ни ги пренесе последните доживувања на Коњаничкиот марш.
Денес повторно сите заедно продефилиравме низ улиците на Крушево. Бевме поздравени од сите, на лицата на луѓето се чувствуваше среќата што сме таму. Имаше голем број на луѓе, сите заедно, сплотени и за една цел. Сите бевме присутни за МАКЕДОНИЈА.
Денес, како и вчера пак положивме цвеќе на најзначајните места во Крушево за овој ден.


Не пречека и премиерот Никола Груевски и истакна дека е горд на нас, и за нашето жртвување за сите овие денови, што ги оставивме своите фамилии за Илинденскиот марш, за Македонија.
Потоа сите заедно ја проследивме централната манифестација за Илинден 2013 во Крушево.
Со ова завршува и нашиот коњанички марш. Со здравје догодина повторно сите заедно да ја продолжиме традицијата која ни е аманет оставена од нашите предци.
За крај ќе ви посакам се најубаво пријатели мои !!!
Честит ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИ,
честити 110 години од Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ.
Голем празник за Македонскиот народ. Ден во кој се потсетуваме на историјата а воедно ги славиме и борците, ден во кој се сплотуваме од сите страни на светот за МАКЕДОНИЈА.
Честит Илинден Македонци !!!Каде и да сте! Нека е Честит и Вечен најголемиот Македонски национален, верски и државен празник.
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ !!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


