Вечерва и наутро температурите ќе се движат од -8 до 2 Целзиусови степени а дневните ќе изнесуваат меѓу -2 и 5 степени.
Во наредните денови утринските температури ќе достигнат до -13 Целзиусови степени, прогнозираат метеоролозите.
Најстудено ќе биде в понеделник, кога утринската температура ќе се движи од -13 до -4 Целзиусови степени. Во текот на денот живата во термометрите ќе се движи меѓу 0 и 8 Целзиусови степени.
Слично ќе биде времето и во вторник, а пораст на температурите се очекува од среда. Времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност со слаб доумерен северен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.