| четврток, 6 декември 2018 |

Абориџини го добија првиот спор против рудниците

aboridziniРударската компанија ОМ Манганиз е осудена заради уништување на абориџинско светилиште во Северните австралиски територии, пренесе БиБиСи. Ова е прва успешна тужба во која предмет било свето место на австралиските староседелци.

Компанијата треба да плати 134 илјади американски долари, а директорот јавно се извини. Главна причина за рушење на светилиштето се експлозиите против карпите, за што биле предупредени да внимаваат заради светото место. За Абориџинското племе местото ќе остане свето, иако сега е уништено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top