| четврток, 6 декември 2018 |

Тексас на мака: останува без хемикалиите за погубување

daЗалихите од пентобарбитал, смртоносен седатив кој се користи при смртна казна во американскиот Тексас се доволни само за до септември. Од оваа најактивна држава по ова прашање наскоро може да остане без главното орудие. Според надлежните, не е најдена замена или алтернативно решение за ова средство. Лани државата усвои закон со кој го смени отровот, кој што пак сега има мака да го набави. Годинава се извршени 11 погубувања, а за следните месеци планирани се уште седум, но за сега не е сигурно дали ќе бидат одложени двете погубувања закажани за овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top