| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанецот најбрз на Илинденскиот маратон во Охрид

Ohrid maraton Илиевски ја исплива маратонската патека со време од 28 минути 15 секунди и 88 стотинки. Дваесет и тригодишното момче е член на пливачкиот клуб Студент од Скопје. На малиот маратон во Охрид се натпреварува по 11 пат.

– Не беше толку лесно. Ова ми е 11-ти пат како ја пливам оваа патека. Додека не наполнив 16 години трипати по ред го освојував маратонот, а ова ми е прва победа во категоријата повозрасни од 16 години. Водата беше одлична, условите беа идеални, имаше малку бранови, но се надмина и тоа
изјави Илиевски, пренесе Нова Македонија.

maratonВо категоријата постари пливачи над 16 години втор беше Стефан Андоноски член на пливачкиот клуб Младост од Скопје, а трет ресенчанецот Константин Паргов. Во категоријата жени Теа Калајлиева го освои златниот медал, а средбрениот замина кај Марија Јаневска. Победници во втората група во која пливаа натпреварувачи до 16 години се Михаил Трпчески, втор беше Никола Василевски а трет Мартин Тодороски.

Деветгодишниот Стефан Стефанулески од Битола беше најмладиот учесник на Илинденскиот пливачки маратон, а наградата за неговата храброст и упорност да исплива до целта му ја врачи легендата на македонското пливање Александар Маленко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top