| четврток, 6 декември 2018 |

Германија догодина ќе прима работници со бугарски пасоши

gradezniciДогодина се очекува наплив на работници во Германија кога бугарските државјани ќе можат слободно да работат во оваа земја, што ќе биде интересно и за сите македонски државјани со бугарски пасоши. Интерес за работа во последно време има и за Катар, Словенија.

Оваа година во Германија на работа ќе може да заминат 570 работници. Германската влада секоја година утврдува квота на работници кои може да се пратат од Македонија во Германија. Инаку, Македонија и Германија имаат потпишано Спогодба за вработување на работници од македонски претпријатија со седиште на територијата на македонската договорна странка за изведување на проектни договори уште во 1995 година.

„Сина карта“ за вработување во Германија се доделува на две групи. Првата е со годишна плата од најмалку 46.400 евра и се однесува на лица кои имаат завршено високо образование во Германија. Втората група е за стручни кадри, дефицитарни во Германија во областа на медицината информатиката и комуникациските технологии. Освен бараните квалификации, предуслов за работна дозвола е и работно искуство од најмалку две години во бараната област.

Германија веќе го отвори пазарот за работна сила што доаѓа од земји не-членки на ЕУ.

Отселувањето на работници уште повеќе ќе се зголеми, кога од јануари 2014 година оваа земја ќе го отвори пазарот и за бугарските државјани, значи за сите оние кои имаат бугарски пасош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top