Вашингтон за три години и платила најмалку 100 милиони фунти на британската разузнавачка служба Центар за владини врски, за да обезбеди пристап до програмите за собирање разузнавачки информации, како и влијание врз нив, пишува лондонски „Гардијан“, повикувајќи се на нови документи откриени од Едвард Сноуден.
Тајните плаќања „јасно покажуваат дека Американците очекуваат инвестицијата да им се врати, а британската разузнавачка служба треба да ги задоволи нивните барања“, наведува весникот.
Од откриените документи, исто така, може да се види дека британската служба ги оценува слабите закони и регулаторен режим за следење во Велика Британија како нешто кое ја привлекло американската Национална безбедносна агенција.
– Финансирањето покажува колку се блиски односите меѓу британската и американската разузнавачка служба. Тоа може да предизвика опасност во зависност од тоа колку е силна позицијата на Вашингтон врз најголемата и најважна разузнавачка служба на Обединетото Кралство, како и дали зависноста на Велика Британија од американската Национална безбедносна агенција не станала премногу голема, коментира „Гардијан“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


