Меморијалниот музеј на Холокаустот во Вашингтон ќе соработува со Генералштабот на грчката армија во преведување на материјалите достапни во музејот во Вашингтон на грчки јазик за запознавање на грчката јавност. Ваквиот договор е склучен во време на постојан пораст на влијанието на нео-нацистичката партија „Златна зора“ во Грција, чии членови отворено промовираат антисемитизам, вклучително и потегот на нивниот пратеник Илиас Касидиарис, кој од говорницата на грчкиот Парламент читаше навреди за Евреите.По банкротот на Грција, високи лица од Грчката православна црква, пак, упатија обвинувања дека Грција е жртва на банкарски заговор кој го лоцираат во Израел.
– Не можам да кажам каков ефект ќе има договорот што го потпишавме со Грција. Музејот е посветен на зачувување на сите сведоштва од Холокаустот и нивно ставање на достап на јавноста, за да можеме да научиме од историјата. Со тоа што ќе ги направиме информациите достапни на повеќе јазици, вклучително и на грчкиот, ние ги приближуваме фактите за Холокаустот до светската јавност, изјави Ендрју Холинџер, директор за комуникации на Музејот на Холокаустот во Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


