Во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ беше вклучен и нашиот коњанички марш, тргнавме денес со дефиле низ Крушево. На самиот почетокот не пречека градоначалникот Ѓорги Дамчески и негови соработници, а по него уште поголема чест ни претставуваше големата толпа на луѓе која со насмевки на лицето ни посакаа добредојде.
Целиот коњанички ИЛИНДЕНСКИ марш, качен на коњите облечени во традиционална и автентична македонска облека гордо продефилиравме низ улиците на Крушево упатени кон споменикот на Питу Гули. Како што се движеше самата коњаница, веднаш зад нас беше делегацијата на чело со градоначалникот, а веднаш зад нив беа граѓаните на Крушево и луѓето кои пристигнаа од сите градови да го преследат ова случување.
Кога стигнавме кај споменикот на Питу Гули положивме свежо цвеќе и се поклонивме. Веднаш потоа сите заедно се упативме кон споменикот на Никола Карев на локалитетот Гумења за да се поклониме, оставиме цвеќе и да оддадеме почит. За на крај да се упатиме кон Споменикот на паднатите борци на локалитетот Мечкин Камен. Потоа следуваше голема културно – уметничка програма, која трае до самиот момент.
Вечерва овде со мене е и мојата сопруга Соња, која за да ја збогати културната уметничка програмата ќе отпее нешто патриотско, а јас со моите деца Мелани и Младен слушајќи ја заедно ќе уживаме.
Се надевам и дека сите што се вечерва овде присутни ќе уживаат во големата културно – уметничка програма.
Честит Илинден Македонци !!! Каде и да сте! Нека е Честит и Вечен најголемиот Македонски национален, верски и државен празник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иванов: Никој и ништо не може да го запре нескротливиот марш кон слобода
-
Претседателот Иванов ќе се обрати на манифестацијата „Илинденски марш 2018“
-
Тарчуловски бара од судијката Димишкова да присуствува на обраќањето на Столтенберг
-
Тарчуловски: Кисела Вода ќе стане општина со која сите ќе се гордееме