| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје остана пусто (ФОТО)

Празничниот продолжен викенд го испразни главниот град.

Повеќето градови во Македонија за празници обично се полни, главно поради тоа што студентите и оние кои што работат во Скопје се враќаат дома.

 

За гужвата низ Битола, пак, најмногу придонесува дијаспората која секое лето врши инвазија на градот. Во Охрид и Дојран, како главни македонски туристички дестинации уште од денес започнаа да ги пречекуваат викендашите.

 

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ од рано наутро се чека и по половина до еден час, и тоа само од македонската страна на границите.

Кога на сето ова ќе им се додадат и тропските горештини, разбирливо е дека во Скопје „пиле нема да пее“ во текот на целиот викенд. Фотографиите се од денес. Градот остана пуст, иако е работен ден.

prazno-skopje-3 prazno-skopje-2 dete-pokraj-fontana prazno-skopje-1 vo-apteka-po-maicka

Фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top