Така реагираат големите клубови, а Атланта хоукс е бренд од НБА лигата и ја призна и корегира грешката на својот сајт во врска со Перо Антиќ. Неполни 18 часа на www.nba.com/hawks/roster/2013 стоеше дека македонскиот репрезентативец е од Грција, а грешката е корегирана.
Во новата верзија на двете места стои дека 31-годишниот кошаркар е од Македонија, со што е исправена ненамерната грешка на луѓето што раководат со официјалниот сајт на популарните „Јастреби“ од Атланта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




