| четврток, 6 декември 2018 |

Во Дојран веќе нема место

За прославата на 110 години од Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ, најголемиот дел од туристите во Дојран пристигнаа денеска.

Од туристичкото биро потврдија дека сместувачките капацитети во приватниот сектор се полни, а слободни места може да се најдат само во комерцијалните објекти.

Богатата културно-уметничка програма што ја најави градоначалникот Борче Стамов, ќе почне утре претпладне во просториите на Музејот од Првата светска војна со изложба на слики во организација на Шведската амбасада во нашата земја, а ќе продолжи на пладне со пиротехнички ефекти кои припадниците на АРМ ќе ги изведат на Дојранскиот фронт.

Програмата, како што е најавено, ќе заврши утревечер со спектакуларен концерт на српската естрадна ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, што ќе се одржи на стадионот „Истатов“ во Нов Дојран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top