Уникатната битолскa група в сабота, на 3 август, ќе настапи на истото место каде што го одржа и првиот концерт во далечната 1992 година.

Баш на тој концерт, на местото наречено Пајнца (битолскиот назив за чинија), кое се наоѓа на влезот на Старата битолска чаршија, веднаш до трговската куќа „Јавор“, како што самите членови на „Паркети“ се сеќаваат, се одржала и првата панк шутка во Битола.
– Се испија 20 гајби пива од кај „Пајнцата“ и се скршија две пластични маси – раскажува фронтменот Сашо Паркет.
Настанот наречен „Пајнца 2“ ќе почне во 21.30 часот оваа сабота. Првата постава на „Паркети“, пак, може да ја ѕирнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


