Откако Хрватите се пофалија со нивната најмлада и воедно најзгодна политичарка, 24-годишната советничка на градскиот совет во Шибеник, воедно и кошаркарка Антонија Мишура, Србите го возвратија ударот.

Антонија Мишура
Тие велат дека нивната Невена Аџемовиќ, бивша манекенка, а сега пратеничка во српскиот парламент, лесно може да ја добие трката за најубава политичарка на Балканот.

Невена Аџемовиќ
Ние, пак, навиваме за нашето македонско девојче. Бившата манекенка Викторија Јаначковиќ е шефица на кабинетот на заменик-министерот за култура.

Викторија Јаначковиќ
Девојката со повеќе таленти, покрај тоа што во 1999 година беше придружничка на Мис Македонија, дипломираше и на Факултетот за стоматологија, па потоа влезе во Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


