Повеќе општини во Македонија на големо калкулираат колкав ќе биде трошокот за приклучок на гасоводната мрежа за домаќинствата и за компаниите и во зависност од тоа дали станува збор за куќа, станбена зграда или, пак, за индустриски објект се претпоставува дека за пристап до овој енергент ќе треба да се одвојат од 500 до 1.000 евра. Нема точни рокови кога ќе почне изградба на мрежата и од кога ќе можат граѓаните да се приклучуваат на неа, но може да се очекува дека цените за приклучок ќе се дефинираат по изработката на студијата за исплатливост на дистрибутивната мрежа на природен гас во Република Македонија, пишува Нова Македонија. Експертите сметаат дека интересот за приклучок кон гасоводната мрежа постепено ќе се зголемува, слично како со пренамената на автомобилите од бензин на гас. Во почетокот заинтересираноста беше мала, а денес секој втор автомобил има систем за гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.