Двајца вооружени мажи ограбиле продавница со скапоцени часовници во францускиот град Кан, чија вредност неофицијално се проценува на повеќе од еден милион евра. Грабежот се случува три дена откако во хотелот „Карлтон“ беа украдени дијаманти вредни 103 милиони евра. Со оглед на тоа дека за грабежот во хотелот се осомничени членовите на бандата „Пинк Пантер“, кои потекнуваат главно од поранешна Југославија, полицијата не исклучува можност тие да го извршиле и овој голем грабеж.
Како што пишуваат француските медиуми, вчера среде бел ден во продавницата најпрво влегол маж со очила за сонце кој во раката држел бомба, а потоа влегол уште еден со пиштол. Часовниците ги собрале за неколку минути и си заминале без истрелан куршум. Истата продавница била ограбена во февруари годинава кога крадците со себе однеле околу 150 часовници вредни еден милион евра. Часовниците никогаш не биле пронајдени, а ниту, пак, крадците.
Француската полиција се сомнева дека дел од групата што врши грабежи на луксузни продавници е и Босанецот Милан Попариќ, кој побегна од затвор во Швајцарија минатиот четврток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Публиката во Кан масовно ја напушти проекцијата на филмот поради сцени со насилство
-
Одлична промоција на Македонија како филмска дестинација на Канскиот фестивал
-
Успешна проекција на „Ефектот на среќа“ за странски дистрибутери на Канскиот фестивал