Среда 31 јули, 14 часот. Портпаролот на Тарчуловски, Стефан Насевски, ни ги пренесува моментите од патувањето на Јохан и Илинденскиот марш на пат до Крушево
Откако срдечно бевме испратени од Стровија, продолживме понатаму кон Кривогаштани.
За среќам денес времето е попријатно, патуваме малку порелаксирано. Патот е прооден и немаме некои посериозни препреки.
Патуваме низ убавините на нашата антологиска Македонија, низ историските села, низ убавите полиња и газевме на исконската земја. Запознавме многу луѓе, нѐ гушкаа, нѐ фотографираа. Поминавме низ селото Сливје, општина Долнени, се напивме вода од бунарот, којшто имаше неверојатно убава и ладна вода, каква што не бевме пробале досега, а таму одморивме и појадувавме.
По долг пат стигнавме во селото Ропотово, општина Долнени. Таму селаните нѐ пречекаа неорганизирано, многу спонтано и природно. Сепак, доволно народ ни посака добредојде, нѐ пофалија, нѐ охрабрија, ја поддржаа нашата иницијатива и направија да се чуствуваме горди. За симболично да го одбележат нашето доаѓање, испукаа плутони.
По кратка пауза заминавме за Кривогаштани, каде што градоначалникот Тони Заткоски ни најави дека ни подготвува свечен ручек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.