| четврток, 6 декември 2018 |

Листа на зборови кои фудбалерите на Ливерпул не смеат да ги кажуваат (ФОТО)

Минатата година напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез, неколку пати го нарече „црнец“ фудбалерот на Манчестер јунајтед, Патрис Евра, по што заработи суспензија од осум меча неиграње. Суарез тврдеше дека тоа не било навредлив израз во неговата земја, па клубот реши да им достави на своите играчи листа на зборови што се сметаат за несоодветни по расна основа, како и сексуална или полна дискриминација.

Во листата, покрај очигледно навредливите зборови, како „педериште“ (fag) или „циган“ (gypsy), се најдоа и фрази како: „играш како девојче“ и „не биди жена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top