Амбасадорот на Унгарија, Јозеф Бенце, ја посети општина Илинден и со градоначалникот Жика Стојановски разговарал за економските потенцијали на општината, како и можноста за привлекување на унгарските стопанственици за инвестирање во општина Илинден.
Градоначалникот Жика Стојановски на амбасадорот Бенце му го презентираше профилот на општината, 9-те економски зони, можностите за развојот на културата, спортот, образованието, како и капиталните проекти.
Во рамки на посетата амбасадорот Бенце го посети и Домот на култура „Илинден“, каде што се запозна со просторните можности кои ги нуди овој капитален проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


