Вчеравечер почина Оскар „Ози“ Шектман, човекот кој го постигна првиот кош во НБА лигата. Тој секако ќе биде запаметен како прв играч кој успеал да постигне кош во најсилната кошаркарска лига во светот. Шектман играше за Њујорк никс, првиот кош го уфрли во 1946 година во дуелот со Торонто Хаскис, а тогаш НБА-лигата се викаше ББА лига.
Екипата на Њујорк никс на својата официјална веб-страница изрази сочуство во име на целата организација.

Оскар Шектман почина во 94. година од својот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


