Cтранските банки го забрзаа повлекувањето на својот капитал од средна и источна Европа, покажува извештајот на ЕБРД.
Многу банки во источноевропските земји, во целост или во голем дел, се во сопственост на матичните банки од Запад, кои ги намалуваат кредитните активности за да ги средат своите биланси нарушени со должничката криза во Еврозоната. Cе стравува дека нивното повлекување на домашниот пазар ќе им наштети на економиите на европските држави во развој.
Истражувањето покажало значајно кумилативно намалување на средствата во последните тромесечија, кое во просек достигнало и 5,5 посто од БДП од средината на 2011 година. Најмногу повлекувања на средства имало во Унгарија, каде што достигнало 23 проценти од БДП, и во Cловенија, 17 проценти.
Овој процес продолжил и во првите три месеци од годинава во земјите како што се Хрватска, Латвија, Романија и Украина, соопшти ЕБРД.
Во Унгарија, банките, поради одлуката на владата на Виктор Орбан, во врска со оданочувањето на банките и давањето субвенции на заемодавачите во 2010 година, загубиле 3,6 милијарди евра. Cтранските банки стравуваат дека би можеле да претрпат уште загуби од најавениот план со кој се сака да им се помогне на заемодавачите со хипотеки во странски валути. Најголемата унгарска банка, ОТП, во последните две недели, поради остриот пад на цените на акциите, загубила на пазарната капитализација повеќе од 200 милијарди форинти (887 милиони долари), пренесува „Фактор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


