По пребројани 96 проценти од избирачките места, новоизбраниот претседател на Чешка е МИлош Земан со освоени 55,5 проценти од гласовите, наспроти неговиот противкандидат, актуелниот министер за надворешни работи Карел Шварценберг за кого гласале 44,5 отсто од гласачите.
Левичарот Милош Земан е трет по ред претседател на самостојна Чешка. За прв пат претседателот е избран на непосредни избори.
На актуелниот Вацлав Клаус, кој на функцијата претседател е од февруари 2003 година, ова му е втор мандат и според чешкиот Устав не може повторно да се кандидира на таа функција.
Примопредавањето на власта е закажано за 8 март, кога новиот претседател ќе положи заклетва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.