| четврток, 6 декември 2018 |

Од дневникот на Тарчуловски: Селаните нѐ испратија со солзи

Среда 31 јуни. Стефан Насевски портпаролот на Јохан, за „Република“ ги открива утринските моменти на Илинденскиот марш.

Коњаниците на „Илинденскиот марш“ со вреќи за спиење на земја ги поминуваат ноќите. Распостелени во дворот на манастирот „Св. Никола“ во селото Стровија, тие се одморени и подготвени за денешниот ден. 
2.jpg
– Откако убаво се одморивме, се разбудивме и се подготвивме за тргнување кон следната дестинација. Кога станавме, домаќинките од Стровија пријатно нѐ изненадија со домашниот селски леб, кој го испекле за нашиот појадок, притоа нѐ послужија и со природна изворска ладна вода, млеко, кафе и чај.
3.jpg
Неописливо е чувството да се појадува на толку убаво место, со сета таа свежина во воздухот, со духовниот мир на манастирот, со селскиот мирис и со убавото изгрејсонце што ни го означи стартот на денешниот ден. Појадувавме во  дворот на манастирот каде што спиевме и пред да тргнеме на пат, сите заедно запаливме свеќи во манастирот „Св. Никола“, се помоливме за наше здравје и за здравје на сите Македонци.
Со духовен и божји мир тргнавме на пат за Кривогаштани. Селаните возбудени од нашата посета со солзи нѐ испратија и ни посакаа среќен пат, со аманет почесто вака да ги посетуваме и да нѐ ги забораваме.
IMG_7726
Сега сме на пат кон Кривогаштани, а потоа заминуваме од таму и се упатуваме кон КРУШЕВО – открива Насевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top