Само третина од поднесените барања за легализација на дивоградби се комплетирани со геодетски елаборати. Без овој документ, кој е единствен што треба да се плати, не може да се легализира објектот, па некомплетната документација е една од причините што овој процес кој почна пред две години се одвива бавно.
Од Агенцијата за катастар на недвижности информираат дека до сега се поднесени вкупно 354.000 барања за легализација, а изготвени се само 107.247 геодетски елаборати. Рокот до кој треба да се достават елаборатите истекува во јуни догодина. Но, од Комората на геодетски фирми предупредуваат дека нема многу време, зашто ако сите го чекаат последниот момент, како што се чекаше кога се поднесуваа барањата за легализација, геодетите нема да постигнат да ги изработат сите елаборати. Во државата има 150 лиценцирани геодетски фирми кои имаат капацитет да ги изработат сите преостанати елаборати доколку се поднесуваат континуирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Истече рокот за комплетирање барања за легализација на дивоградби од 2011 и 2016
-
Oд Даљан до Костозглобна се формира цела нова населба од куќи и повеќекатници кои се градат без ни еден документ
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал