| четврток, 6 декември 2018 |

Имињата на најплатените македонски музичари како сметки во швајцарска банка

Не­но Бе­лан, Ми­ро Бу­љан, Бо­рис Ѓур­ге­виќ, Тон­чи Ху­љиќ, Џи­бо­ни… Ова се дел од најп­ла­те­ни­те му­зи­ча­ри од хр­ват­ска­та сце­на ми­на­та­та го­ди­на. Хр­ват­ски­от ЗАМП го об­ја­ви из­ве­шта­јот за ра­бо­та­та во 2012 го­ди­на на сво­јот веб-сајт при­тоа об­ја­ву­вај­ќи ги ими­ња­та на авто­ри­те што најм­но­гу за­ра­бо­ти­ле, ка­ко и ком­по­зи­ци­и­те што би­ле најс­лу­ша­ни.

Го по­ба­рав­ме исти­от од­го­вор од ма­ке­дон­ско­то Здру­же­ние за за­шти­та на автор­ски му­зич­ки пра­ва (ЗАМП).  От­та­му ве­лат де­ка ими­ња­та на најп­ла­те­ни­те авто­ри не сме­ат да ги ка­жат за­тоа што тоа би­ло пре­кр­шу­ва­ње на нив­ни­те пра­ва.

zamp

– Та­кви ин­фор­ма­ции не сме­е­ме да да­ва­ме. Тоа е не­ле­гал­но, пре­кр­шу­ва­ње на пра­ва­та на авто­ри­те – ни ре­коа од ЗАМП те­ле­фон­ски. Иа­ко по­ба­рав­ме пис­ме­но образ­ло­же­ние, од ЗАМП не­кол­ку де­на не ни од­го­во­ри­ја.

На веб-стра­ни­ца­та на ЗАМП е об­ја­вен пра­вил­ник за рас­пре­дел­ба, во кој стои:

„Си­те по­да­то­ци за ос­тва­ре­ни­те автор­ски на­до­ме­сто­ци на од­дел­ни но­си­те­ли на пра­ва се де­лов­на тај­на и мо­жат да се да­дат са­мо на ба­ра­ње на но­си­те­лот на пра­ва на кој се од­не­су­ва­ат, ка­ко и на ба­ра­ње од су­дот во слу­чај на во­де­ње суд­ска по­стап­ка про­тив но­си­те­лот на пра­во“.

Ими­ња­та на најп­ла­те­ни­те авто­ри се де­лов­на тај­на, а нив­ни­те хо­но­ра­ри уште по­го­ле­ма тај­на. Тај­на се и најс­лу­ша­ни­те пес­ни, од­нос­но пес­ни­те што до­би­ле најм­но­гу па­ри од ЗАМП, би­деј­ќи не ја до­бив­ме ни­ту таа ли­ста, под из­го­вор де­ка сѐ уште не по­стои еле­ктрон­ски си­стем со кој се сле­ди ко­ја пес­на е нај­е­ми­ту­ва­на, па ли­ста­та што би ни ја да­ле не би би­ла ре­ал­на.

– Не мо­же­ме да ви да­де­ме та­ква ли­ста за­тоа што таа е не­ре­ал­на. Оче­ку­ва­ме ра­ди­о­ста­ни­ци­те да во­ве­дат си­стем за сле­де­ње на пес­ни­те што се пу­шта­ат во етер, по што би има­ле та­ква ли­ста. Се­га-за­се­га са­мо не­кол­ку ста­ни­ци има­ат та­ква ли­ста. Ме­ѓу нив се „Бу­ба­ма­ра“, „Ан­те­на 5“, Ма­ке­дон­ско ра­дио вто­ра про­гра­ма… – ни ре­коа те­ле­фон­ски  од ЗАМП.

Зар не по­стои ли­ста на де­сет де­ла на ма­ке­дон­ски авто­ри спо­ред еми­ти­ра­ње во 2012 го­ди­на?  Ка­ко утвр­ду­ва ЗАМП ко­ја ме­ло­ди­ја би­ла нај­е­ми­ту­ва­на до­кол­ку не­ма ре­ал­на ли­ста, ко­ја би мо­же­ле и да ни ја да­дат.

Од дру­га стра­на, на ЗАМП му пла­ќа­ат си­те ра­ди­ја, те­ле­ви­зии, уго­сти­те­ли, мла­до­жен­ци кои пра­ват свад­ба. За свад­ба со 200-250 го­сти тре­ба да од­во­и­те 8.000 де­на­ри, по­ве­ќе од 250 го­сти 10.000 де­на­ри, а по­ве­ќе од 300 го­сти 12.000 де­на­ри. Но, ко­му му пла­ќа­ат, кој е авто­рот што до­би­ва најм­но­гу од нив­ни­те па­ри, за ко­ја пес­на најм­но­гу се од­во­ју­ва е де­лов­на тај­на.

На веб-сај­тот на ЗАМП не­ма ни­ту еден из­ве­штај. За раз­ли­ка од нас, Хр­ва­ти­те ра­бо­тат транс­па­рент­но со це­лос­ни ли­сти на при­хо­ди, нај­е­ми­ту­ва­ни пес­ни од хр­ват­ски авто­ри, нај­е­ми­ту­ва­ни пес­ни од стран­ски авто­ри.

100 де­на­ри за три ал­бу­ми

Че­сто слу­ша­ме ка­ко авто­ри­те се жа­лат по­ра­ди ма­ли­те при­хо­ди што ги до­би­ва­ат од ЗАМП за нив­ни­те автор­ски де­ла.

Ва­ско То­до­ров­ски од „К-15“ во ед­на при­го­да из­ја­ви за „Ре­пуб­ли­ка“ де­ка за „Шу­руп“, „Гра­ди­на­рот“, „Но­гу љу­бам да вес­лам“… и дру­ги­те хи­то­ви на „Дуо трио“ има­ат зе­ме­но 100 де­на­ри за це­ла го­ди­на.

– Има­ме три ал­бу­ми, 22 пес­ни. Пред две-три го­ди­ни, ко­га пес­ни­те се вр­теа на си­те ра­ди­о­ста­ни­ци, ни ја­ви­ја од ЗАМП де­ка има­ме 100 де­на­ри за автор­ски пра­ва. Бе­ше смеш­но и сра­мо­та да се зе­мат тие па­ри за пес­ни што се слу­шаа – не­о­дам­на из­ја­ви То­до­ров­ски за „Ре­пуб­ли­ка“.

zlatko-origjanski04-copy

Во ед­но ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ се по­жа­ли и Зла­тко Ори­ѓан­ски.

– Од ЗАМП за си­те го­ди­ни сум до­бил се­дум евра. И еве, јав­но и јас­но ја пра­шу­вам ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра и ја по­ви­ку­вам јав­но да ми од­го­во­ри да­ли мо­ја­та зем­ја има на­ме­ра да ми пла­ти и да ми го да­де тоа што е мое за из­ми­на­ти­те 20 го­ди­ни – из­ја­ви Ори­ѓан­ски.

Ог­нен Не­дел­ков­ски во ед­на при­го­да из­ја­ви де­ка во 2008 го­ди­на за 25 пес­ни, кои ги пе­ел То­ше Про­е­ски, а тек­стот бил не­гов, до­бил ме­ѓу пет и 50 евра од пес­на.  Кри­сти­јан Га­бров­ски, пак, има из­ја­ве­но де­ка нај­би­зар­ни­от автор­ски хо­но­рар го до­бил во 1996 го­ди­на ко­га му би­ле исп­ла­те­ни 65 де­на­ри за пес­на­та „Во парк“ на „Сту­де­ни но­зе“, а таа то­гаш бе­ше хит на го­ди­на­та и се пу­шта­ше на си­те ра­ди­о­ста­ни­ци. Ком­по­зи­то­рот на по­пу­лар­на­та „Чи­ја си“, Сла­ве Ди­ми­тров, со го­ди­ни во­де­ше суд­ски спор со ЗАМП. Здру­же­ни­е­то го ту­жи по­ра­ди не­го­ва из­ја­ва да­де­на во 2001 го­ди­на, во ко­ја по­со­чу­ва де­ка за вер­зи­ја­та на ле­ген­дар­на­та пес­на „Чи­ја си“, што тој ја из­ве­ду­ва, до­бил 3,5 гер­ман­ски мар­ки за ед­на го­ди­на.

– Тоа не е ни­ту по­ло­ви­на ки­ло­грам ме­со. Ако имам фа­кти де­ка таа пес­на е еми­ту­ва­на мно­гу па­ти, то­гаш се пра­шу­вам ка­де одат мо­и­те па­ри. Ова е очиг­ле­ден до­каз де­ка ЗАМП кра­де од нас – из­ја­вил то­гаш Ди­ми­тров, при­тоа об­ви­ну­вај­ќи де­ка од ЗАМП се ара­мии и мо­но­пол кој без кон­ку­рен­ци­ја го со­би­ра кај­ма­кот од автор­ски­от труд.

Пишува: Билјана Зафирова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top