Режисерот Емир Кустурица дошол во жесток конфликт со властите во Вишеград каде што по ланските локални водечка е Српската демократска партија (СДС), наместо Сојуз на независните социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик, јавија хрватските медиуми.
Кустурица изјави денеска дека „се плаши да не му го украдат Андиќград” кој познатиот режисер го гради во Вишеград. „Андрќград“ е проектот околу којво последните месеци имаше многу контраверзии.
– Во Вишеград се води борба меѓу цивилизацијата и антицивилизацијата. Второто го застапуваат општинските власти од СДС, на кои најголема културна работа им е што имаат џип „мицубиши “и пејачката Стоја. Со денови вода медиумска кампања против мене. Се плашам дека ќе ми го украдат „Андиќград“- изјави Кустурица. Според него, локалните власти ги интересираат само пари. Но, тој, и покрај сите препреки ќе продолжи да инвестира во „Андиќград“ и ќе го заврши.
-Тоа ќе биде културна тврдина, кој ќе живее подолго и од мене и од претседателот на Република Српска и ќе трае со векови- вели Костурица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.