| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски: Предлагаме закон кој ќе овозможи слобода на изразување на новинарите

ivanovЗаконот за медиуми се однесува на а сите медиуми. Од неговото прво претставување во јавноста досега се направени повеќе измени и дополнувања, по предлог на странските и на домашните експерти, здруженија и асоцијации – посочи министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски на денешната собраниска Комисија.

Тој се задржа на слободата на изразувањето и правата на новинарите, како едни од најзначајните сегменти од нацрт-текстот на законот, истакнувајќи дека во тој дел се земени предвид европските искуства и сугестиите од претставниците на ОБСЕ и Советот на Европа.

-Предлагаме закон со кој ќе се заштитат новинарите и ќе им се овозможи слобода на изразувањето, закон кој ќе помогне во развојот на медиумскиот сектор во земјата и ќе го направи независен, а сопствениците на медиумите ќе имаат поголема одговорност – рече министерот Ивановски.

Дел од новинарите и новинарските асоцијации сметаат дека законот не е потребен и бараат итно повлекување. Новинарката Мирка Велиновска побара во медиумската сфера да се воведе лиценца за пропагандист новинар, која ќе разграничи што е објективно новинарство, а што диктирано.

– Предлагам да се допрецизираат оние кои ќе се одлучат да вршат пропаганда за одредени центри на моќ, без разлика дали внатрешни, надворешни или фирми. Оние што застапуваат интереси на одредена целна група да се легитимираат како пропагандист или лобист, треба да се воведат лиценци за тоа, само за да се знае разликата – рече Велиновска.
Претседателката на Синдикатот на новинари, Тамара Чаусидис, смета дека проблем претставуваат последиците кои ќе се појават по воведувањето на законот, а при што на удар ќе бидат критички поставените новинари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top