Заврши реализацијата на првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“, инвестиција е вредна 100 милиони евра. Со ова се очекува да се реши проблемот за водоснабдување на шест општини во источниот дел од Македонија. Браната денеска свечено ја пуштија во употреба премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за транспорт и врски, Љупчо Димовски и Миле Јанакиески.
– Ветивме и останавме на ветувањето, изнајдовме средства и во 2007 година го почнавме овој капитален проект. Сите овие години интензивно се работеше на браната и на целокупниот систем за да се изгради во што е можно пократок временски период. Ова е една од најголемите, ако не и најголема инвестиција во источна Македонија во последните 20 години. Со овој капитален проект и изградбата на првата фаза од хидросистемот „Злетовица“ трајно се решава проблемот со водоснабдување на целиот регион – изјави премиерот Груевски.
Браната е висока 75 метри, во основа широка е 300 метри и со должина на акумулацијата од 4 километри, со максимална можност да акумулира 23,5 милиони метри кубни вода. Седумдесет милиони евра се обезбедени преку кредит од Јапонската агенција за меѓународна соработка „Џајка“, а 25 милиони од Владата на Република Македонија.
Со реализација на првата фаза од изградбата на хидросистемот „Злетовица“, според премиерот Груевски, е решен проблемот на шест општини од источниот дел на државата, меѓу кои Штип, Свети Николе, Лозово, Карбинци, Кратово и Пробиштип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Започна изградбата на браната ,,Конско“
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места