| четврток, 6 декември 2018 |

Шехтански предлага Израел да ни помогне за нуклеарна централа

sehtanskiМакедонија не смее да биде енергетски зависна, смета ТМРО. Партијата на чие чело е Ванчо Шехтански посочува дека во Македонија во наредните години ќе биде неминовна изградба на нуклеарна централа.

-Македонија со природните ресурси со кои располага не смее да си дозволи енергетска зависност од соседите, па затоа државата најитно и најсериозно треба да има проект и да размислува за изградба на сопствен реактор во наредните 20 години, за кој имаме идеални услови во Мариово, како поради ненаселеноста, местоположбата, така и поради богатите наоѓалишта на ураниум – велат од ТМРО.

Партијата на Шехтански и предлага на Владата да ги искористи одличните односи со Израел и од оваа земја со слично опкружување на соседи како и Македонија, со државност заснована на сопствена одбрана, храна и енергија, да побара помош за реализација на проектот – нуклеарна централа во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top