| четврток, 6 декември 2018 |

Серија експлозии во фабрика за гас на Флорида- 7 повредени, 15 исчезнати

 Најмалку 7 луѓе се повредени од кои двајца се борат за живот, а 15 се исчезнати во неколкуте силни експлозии што ноќеска се случија во фабрика за гас на Флорида.

Исчезнатите биле дел од третата смена во фабриката Блу Рино.

Првата експлозија се случила околу 23 часот, по што следувале уште неколку.

Фабриката е подружница на Ферелагас Партнерс, втор по големина дистрибутер на пропан во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top