| четврток, 6 декември 2018 |

Наполи ја одложи забавата во чест на жртвите во Монтефорте Ирпино

Наполи покажа дека е голем клуб и ја одложи планираната забава и спектакуларна промоција на новите засилувања, оддавајќи им почит на жртвите на катастрофалната несреќа во Монтефорте Ирпино, место одалечено околу 60 километри од Неапол. Загинаа 38 патници во автобус полн со туристи, а има и повредени.

Со едноминутно молчење преполниот „Сан Паоло“ им оддаде почит на жртвите, а на скромна церемонија беа претставени засилувањата на Наполи, Игуаин, Мертенс, Калјехон, Рафаел, Албиол и Реина.

iguain

Замислено беше поинаку, требаше да биде спектакл пред 50 илјади гледачи, но промоцијата на новиот секстет фудбалери на вицешампионот на Италија мина тивко.

„Трагедијата е шок за сите нас. На скромен начин ќе ги претставиме новите играчи, а ве повикувам со едноминутно молчење да им оддадеме почит на жртвите на големата несреќа. Наполи сочувствува со семејствата и ќе се обидеме да им помогнеме. Жалиме за загубените животи“, изјави претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Пријателскиот меч меѓу Наполи и Галатасарај сепак се одигра, а домаќините славеа со 3-1. Стрелец на првиот гол за Наполи беше Горан Пандев.

ugiani

 

albiol

 

albiola

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top