| четврток, 6 декември 2018 |

Од дневникот на Јохан Тарчуловски: Насекаде не застануваат и ни даваат благослов

Јохан Тарчуловски,предводник на коњаницата која се движи кон Крушево за големиот македонски празник Илинден, секојдневно објавува доживувањата за време на патувањето. Во неговиот деневник на Фејсбук вечерва тој напиша:

ilindenski mars3

Морам да ви соопштам дека КОЊАНИЧКИОТ МАРШ помина уште еден прекрасен ден, воедно и многу жежок. Патувавме на 40 степени. Насекаде каде што поминавме бевме застанувани и луѓето со голема радост и среќа не гушкаа и ни даваа благослов. Ги ранеа нашите коњи и не разладуваа со прекрасната ладна вода од изворите на нашата прекрасна МАКЕДОНСКА земја, ни нудеа и овошје за освежување. Денес ни се приклучи и коњаницата тргната од Велес и сега ИЛИНДЕНСКИОТ КОЊИЧКИ МАРШ е составен од 37 коњаници.
На паузата која ја направивме се разладивме и ние и нашите коњи во убавата река Бабуна.

ilindenski mars

Кога стигнавме во Теово пријатно и достојно не пречекаа селскиот одбор и мештаните. Чест ни направи и Орце Стевковски кој не развесели со прекрасната македонска народна музика, а уште поголема чест ни направија селаните на Теово и народот надојден од градовите и селата кои се во близина за наша чест за сите заедно да седиме, славиме и уживаме.

Селаните на Теово не благословуваат и ни се заблагодаруваат што има толку многу луѓе во селото, одамна не паметат вакво нешто и толку многу народ во нивното село. Нема зборови што ќе ја опише целата атмосфера, вистински општонароден собир.

ilindenski mars1

 

Вечеравме во прекрасната црковна трпезарија на црквата „Св. Атанасие“ и запиливме свеќи за здравје и среќа. А во дворот на црквата и вечерва ќе преспиеме и рано наутро тргнуваме со нови сили на пат од Теово кон Богомила и потоа заминување во Стровија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top