Околу 40 луѓе се повредени, од кои четворица посериозно, при судир на два воза што се случи во Швајцарија, јави АФП, повикувајќи се на швајцарската телевизија. Два воза се судриле директно во 19 часот по локално време во швајцарскиот кантон Гранж-пре-Марнан, во близина на градот Лозана, во западниот дел на земјата.
Заради инцидентот забавено е движењето на возовите во тој дел на Швајцарија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


