Кинескиот гигант Епл се соочува со обвинение дека фабриките на неговите добaвувачи во Кина, Пегатрон Груп ги кршат работничките права на вработените, пишува порталот „Економски“.
Кинеската организација за следење на работничките права обвини дека во три фабрики на Пегатрон се кршат голем број на меѓународни и кинески закони и стандарди.
Организацијата открила дека просечната работна недела трае до 69 часа. Условите во фабриките се такви што повеќето од вработените одбиле да продолжат да работат долго време. Дури 30 од 110 нови работници ја напуштиле фабриката по само две недели работа.
Кршењето на правата вклучуваат малолетничка работна сила, прекршување на договорите за работа и прекувремениот труд. Од Епл и од Пегатрон најавија дека тие итно ќе ги испитаат сите наводи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


