На светското првенство во пливање во Барселона нашите најдобри пливачи Горазд Чепишевски и Марко Блажевски го имаа своето деби со најдобро испливани лични времиња.
Чепишевски настапи во дисциплината 100 метри грбно и патеката ја исплива за 1:00:11 минути и го подобри својот личен разултат за 12 стотинки. Тој се пласираше на 43 местото од 53 учесници во оваа дисциплина.
Марко Блажевски со резултат 1:54:26 минути ја исплива делницата од 200 метри во слободен стил подобрувајќи го својот резултат за 38 стотинки и пласирајќи се на 51 место од 70 пливачи кои беа пријавени на СП во Барселона.
Блажевски и Чепишевски се пријавени да пливаат во уште по една дисциплина, а на ова првенство учество ќе земе и Анастасија Богдановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


