| четврток, 6 декември 2018 |

На Родос три дена беснеат пожари

Пожарите, кои уништија 4.000 хектари шума на јужниот дел на островот Родос, продолжија и денеска за беснеат веќе трет ден по ред, а властите очекуваат дека ќе бидат ставени под контрола пред зајдисонце, под услов временските услови да бидат „поволни“ и ветрот да не биде силен, јави „нетпрес“.
Еден авион и хеликоптерите продолжуваат со операцијата штом се разденило, паралелно со пожарникарите на земја, што придонело да се запре ширењето на пожарот на главните фронтови.
Се’ уште не се знае точната причина за пожарот, но се претпоставува дека станува збор за човечка негрижа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top