Васил Шишков, синoт на починатиот актер Ристо Шишков, со дозвола од Комисијата за верификација на фактите го доби досието на татко му, еден од жртвите на тајните служби на поранешниот режим.
На негово барање, Васил Шишков го доби целосното досие, без покриени имиња на инспекторите и соработниците на тајните служби кои го кодошеле татко му. Тоа значи дека син му на големиот актер Ристо Шишков ќе ги дознае имињата на луѓето кои го следеле и кодошеле неговиот татко и наредбодавачите на тајната служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


