| четврток, 6 декември 2018 |

Beach Volleyball Ohrid 2013: Триумф на Косово во машка и на Бугарија во женска конкуренција

ohrid odbojka1Косово го освои трофејот во машка конкуренција на седмото Отворено првенство во одбојка на песок, кое се одржа во Охрид. Првото место го освоија Валон Никчи и Газменд Хусај. Тие во финалето ги совладаа младите Бруно Мицули и Клаудио Кераџија од Албанија. Третото место го освоија домашните Дејан Симовски и Кристиан Ристески.ohrid odbojka

Со вчерашните финалиња во машка и женска професионална конкуренција, заврши овореното првенство во одбојка на песок Beach Volleyball Ohrid 2013. Се играпе пет дена на плажата Бафало во Охрид,  а учествуваа 33 тимови што одиграа 80 натпревари

Кај девојките, за прв пат во седумгодишната историја на турнирот, титулата заминува во Бугарија. Марија Алаџова и Ирена Мишонова беа подобри од нашите Власта Ружиновска и Сандра Георгиевска во финалето на женскиот турнир во Охрид. Третото место им припадна на минатогодишните освојувачки на турнирот, Назе Ибраими и Вилдане Јашари од Косово.
Кај играчите до 20 години, најдобри беа учесниците во сениорското финале, Мацоли и Кераџија од Албанија, а кај девојките до 20 години Бисера Ристовска и Калина Трпевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top