Грчката општина Глифада ја напиша Македонија под уставно име. На веб-страницата на општината земјава била запишана како Македонија, јави Нетпрес.Веста беше објавена во неколку грчки портали со коментарот дека не можело да не остане забележано дека на мапата што се наоѓа на веб-страната на Глифада, „Скопје“ било именувано како Македонија.
„Кој сноси одговорност за овој избор? Компјутерски консултанти ја вршат оваа работа? Нека ни го објасни некој најпрвин ова затоа што имаме и многу повеќе прашања и многу посериозни“, се вели во коментарот на порталот „Епикинониа“.
Пред само неколку месеци Македонија под уставното име се најде и на интернет страната на општина Пела, по што следеше жестока реакција од дел од грчките медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


