Чарлс Гарет ќе биде идниот британски амбасадор во земјава. Една година пред да истече мандатот на актуелниот амбасадор Кристофер Ивон, според „Утрински весник“, британската влада го избрала наследникот. Гарет ќе седне во фотелјата на Ивон во летото 2014 година, а Ивон ќе биде префрлен на друга дипломатска служба. Новиот Британец што ќе дојде во земјава е во британската дипломатска служба веќе 26 години. Тој досега бил на служба во Кипар и во Швајцарија, и во Источна Азија – Хонгконг и Тајван. Минатата година бил шеф за меѓународни односи на организацискиот комитет на Олимписките игри во Лондон, за потоа да биде префрлен како офицер за надворешни работи во тимот што го подготвуваше дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета. Тој сѐ уште е на ова место.
-Почестен сум што сум именуван за британски амбасадор во Македонија. Се надевам дека ќе работам со Македонија на прашања од важност за двете земји и ќе придонесам за развој на политичките и економските односи – истакнал Гарет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„АлфаТВ“ го објави дописот до амбасадорот Васко Наумовски: Тој воопшто не бил поканет!
-
Остварена средба Мицкоски – Герет: Политичкиот прогон кој го врши власта е сериозен проблем
-
Дваесет и петте најдобри ученици од општина Аеродром на настава во Лондон
-
Изборите се многу важни за Македонија и очекувам да се спроведат


