| четврток, 6 декември 2018 |

Стари плочи, вино и сирење во Старата чаршија

„Скопје,тоа е едно чисто место. Сите главни улици се рамни, поплочени со убава, бела калдрма. Има многу учени луѓе, градски првенци, големи господа. Тоа е гнездо на поети и луѓе пријатели на сиромашните. Жителите особено се наклонети кон задоволства и уживања. Љубовта и насладата се голем капитал на нивните вљубени срца" - Евлија Челебија

Водејќи се по теоријата на познатиот турски патописец, во рамките на заживување на културниот живот во Скопје и размрдување на калдрмата во чаршијата, „Галерија 8“ ве носи во старо-нова димензија.

Димензија каде што ќе се спои традицијата и минатото со истенчениот вкус на љубителите на добрата музика, вино и сирење.

В среда, последниот ден од јули, со почеток во 21.30 часот, како прави скопски боеми, посетителите ќе можат да уживаат во звуците на стари грамафони со плочите (албуми) на Битлс, Д Дорс, Џими Хендрикс, Дип прпл…

– Ќе овозможиме да разговараме за љубов, уметност, историја, архитектура, театар и музика со вкусот на македонски традиционални вина. А, сето тоа да има уште поголем шмек, обезбедивме и најквалитетни македонски сирења. Скопје има дух, Скопје има срце и енергија, Скопје го возвраќа ударот како никогаш досега. Скопје не е наше, едноставно ние сме благословени што живееме во ова парче рај – велат од „Галерија 8“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top