Босанец е осомничен за кражбата на дијаманти и накит во вредност од 40 милиони евра во Кан. Вчера во францускиот филмски град се случи една од најголемите кражби во Европската унија во последните години, а сомнежот падна на
припадник на озлогласената банда на крадци на дијаманти „Пинк пантер“, која минатата недела побегна од затвор во Швајцарија.
Накитот на престижната фирма на израелскиот милијардер Лев Левиев беше украден околу пладне од изложба во хотелот „Carlton international“. Одредени експерти сметаат дека се шансите за украдениот накит да биде пронајден бидејќи крадците можат да го разделат и лесно да го продадат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


