| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивалот „ДримOn“ донесе убава енергија (галерија)

Изложби, работилници, предавања, музика, дебати, поетски читања, театар, филм, пријателска атмосфера, вистинско освежување и уште многу убава енергија донесе фестивалот „ДримOn“ за стружани, но и за сите оние кои од 24 до 28 јули се најдоа во градот на Миладиновци. Фестивалот кој е првата активност на Здружението Иницијатива за независен културен активизам ИНКА се одржа во петте дена насловени „Јаки жени“, „Ачик Активизам“, „Збор – два текст“, „Утрешниот уметник“ и „Урбан Шаман“, кои тематски го поделија фестивалот во неколку целини, а ги обединија креативните сили и  дадоа нова перспектива на културата и можностите за нејзиното процесирање.

1006026_648004548543324_1284582117_n

„ДримOn“ ги анимираше посетителите на различни нивоа, пладневните активности беа работилници кои ги вклучуваа и најмладите, децата, но и возрасните. Имаше еко работилница со Христијан Томаноски, драмска работилница со Елида Бахтијароска, работилница за дизајн со Горан Ристовски, работилница за мандала и за креативни книги на мемории со Кристина Тодороска – Петреска.

1010397_648005231876589_15254349_n

Дебатите и предавањата пак, ги собраа на едно место размислувањата и ставовите на интелектуалци и креативци, а во овој дел учествуваа академик Катица Ќулафкова, професорот Небојша Вилиќ, Мерсиха Исмајлоска, Мите Стефоски, Небојша Илијевски, Климентина Илијевски, Алекс Букарски, Маја Танева, Јане Бакре, Марина Анчевска. Во рамки на фестивалот беа претставени и струшките продавачи на активистичкото улично списание „Лице в лице“.

1005439_648004261876686_1474827633_n

Публиката виде изложби на дела од Маја Кировска, Ѓорѓи Крстески, студио „дОМА“, Наташа Гелева, Иван Дургутовски, Ели Аиноска, Билјана Ангелеска, Стевчо Наумоски. Присутните се забавуваа со музика од повеќе бендови, диџеи и изведувачи, а уживаа и во поетските перформанси на Ненад Јолдески и на Васко Марковски. Публиката ги погледна и филмовите на младите македонски режисери – Иван Ивановски, Јане Алтипармаков и на Саша Станишиќ, ја виде претставата „Љубовникот“ од Харолд Пинтер во режија на Ирена Стеријоска, медитираше со јога професорот Ванчо Тасески, а имаше можност и да погледне и да купи ракотворби од базар на уметнички производи кој беше во тек во за време на целиот фестивал.

535695_648231588520620_761124054_n

996542_648004395210006_665937327_n

1002874_648004325210013_793185113_n

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top