Во Центарот за култура „Глигор Прличев“ вечерва во 21 часот на програмата на „Охридско лето“ е комедијата „Тартиф“ во режија на Сашо Миленковски. Комедијата „Тартиф“ од Молиер премиерно била прикажана уште во 1664 година. Оваа комедија, всушност, е редица на интересни ликови, но денес за нас не е толку важно која личност била прототип на Тартиф, туку поважен е фактот дека Тартиф е израз на една општествена појава која пуштила длабоки корени во тоа време.
Првата црта со која се одликува Тартиф е сложената тактика со која се служи при измамата со луѓето. Лицемерството, интригата, способноста брзо да ги открие слабите страни на човечката душа, тоа се карактерните црти на Тартиф.
Втората карактеристика е тоа што нема измама и лага кои Тартиф не би можел да ги оправда со повисока цел.
Третата црта на Тартиф се одвратните карактеристики на неговата душа во моментот кога ја трга маската и се покажува каков е всушност самиот тој, неговата лакомост, ненаситност, а најмногу развратност, што претставува остра спротивност на она што самиот го зборува. А во додворувањето кон Елмира, Тартиф покажува необичен цинизам. Но, можеби најважна особина на Тартиф е тоа што тој има врски насекаде, и во дворот и во административните кругови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“