| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина ја наполни Хераклеја (ФОТО)

По точно 7 години, Каролина повторно пееше за битолчани во античкиот театар Хераклеја Линкестис. Песните во акустична верзија, кои пејачката веќе ги изведуваше на големиот концерт во салата „Борис Трајковски“, сега беа надополнети со уште неколку нејзини хитови, кои публиката ги пееше од почеток до крај заедно со неа.

karolina 4

На сцената ја придружуваше и голем бенд со професионални музичари.

karolina 2

Двочасовниот концерт заврши со бурни аплаузи и овации, а преполниот театар, кој собира неколку илјадна публика, беше овековечен со фотографиите кои Каролина ги сподели со нејзините обожаватели и со кои уште еднаш им заблагодари за нивната поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top