„Дубиоза колектив“ вечерва ќе одржат бесплатен целовечерен концерт во центарот на Штип. Концертот ќе се одржи под отворено небо. Настапот на овој бенд е во рамките на снимањето на македонскиот филм „Лазар“. Режисерот Светозар Ристовски објаснува дека за потребите на филмот вечерва се затвора главната улица „Ванчо Прќе“. Ќе биде организиран карневал и настап на Дубиоза. Освен уживање во добра музика, присутните ќе ја имаат и ретката шанса да учествуваат во снимањето на долгометражниот филм. Концертот е бесплатен. Едноставно „Лазар“ ве повикува да бидете дел од филмска сцена!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.