Авионот што сообраќал на релација Рим – Скопје, напладне принудно слетал на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, јави „А1он“. Причина за тоа е технички дефект на леталото, што е регистриран при летот.
Како што јави тиранската телевизија „Топ-чанел“, 120-те патници на аеродромот останале околу два часа, до кога дефектот бил остранет.
Поголем број од патниците биле печалбари кои доаѓале во родниот крај за летните одмори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


