| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Египет: Голем број на загинати во Каиро (видео)

Повеќе од 70 луѓе загинале во Каиро, Египет во последните судири на следбениците на симнатиот египетски претседател Мухамед Морси со силите на безбедноста, кои што пак имаат поддршка од вооружени цивили, соопштило денес Министерството за здравје, јави порталот „Нова тв„.

eggipet2

До судирите во Каиро дошло кога следбениците на поранешниот претседател Морси сакале да ја прошират територијата на која што мирно демонстрирале, кога дошле во конфликт со полицијата и вооружените цивили.

egiped3

Властите навеле дека поголемиот дел од починатите се демонстранти, но Министерството за внатрешни работи тврди дека се повредени и неколку полицајци, а останува непознато дали помеѓу мртвите има и цивили кои што се бореле на страната на полицијата.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top