Ослободена Македонија – со ваков флаер и зборовите, Добродојдовте во грчката Македонија, златнозорците во неделата ги пречекуваа македонските туристи на двата гранични премини, Меџитлија и Богородица, јавува Канал5.
„Добро дојдовте во грчката Македонија“,„10 минути само. Тие што се Грци, може слободно да поминат, тие што се Скопјани ќе добиваат лепенка“, „Македонија е грчка“ – скандираат Златнозорците. Единствено солунскиот весник Македонија излезе со осуда, и насловна страна: Златна зора, закана за туризмот.
„Ваков вид на екстремизам сигурно е дека ќе бидат голем удар за туризмот во Северна Грција, каде што во овој момент се забележува зголемен бран туристи колку од ФИРОМ, толку и од балканските земји. Многу семејства од соседната земја, не ја криеа нивната загриженост, гледајќи ги групите Златнозорци да извикуваат слогани, навреди и закани “ – коментира солунскиот весник.
Тие, пренесуваат и реакција на министерот за Македонија и Тракија, кој вели дека никој нема право да ги замени властите, особено кога станува збор за чувствителни прашања поврзани со надворешната политика. Извори од златна зора, за Канал 5 велат дека делењето флаери, но и контролата на автомобили на граничните премини ќе има и продолжение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.